Оние кои се занимаваат со продажба на разни производи имаат многу трикови кои ги користат да ве наведат да потрошите што повеќе купувајќи кај нив. Покрај тоа, некои работи кои ги правите несевсно, исто така си го земаат данокот. Ви претставуваме пет извори кои незабележано ви го празнат паричникот.

1) Он-лајн купување

Многу компании користат „колачиња“ за да ве следат колку пати ја посетувате нивната веб страница, па може да се случи за време на пребарувањето на една работа постојано да наидувате на исти вебови и можеби пропуштате многу поповолни прилики.

Заради тоа, пребарувајте на Интернет од „приватен“ или „инкогнито“ режим кога сакате да купите нешто, бидејќи така не се паметат страниците кои сте ги посетиле, па нема ниту „колачиња“.

2) Се вртите десно кога ќе влезете во продавница

Неодамна е направено истражување на кој начин се креирани магазините, бутиците и другите видови на продавници и како тоа влијае на начинот на којшто купуваме. Можеби сте забележале дека кај повеќето бутици, веднаш на влезот, се наоѓаат маси со купчиња здиплена облека, така што не можете по најкраткиот пат да дојдете до задниот дел на бутикот. Морате да свртите лево или десно, а бидејќи повеќето луѓе се деснораки, облеката од која бутикот сака да се ослободи, ви ја става од десна страна.

Продавниците одат дури до таму, што вградуваат на подот помали плочки за секој чекор ви се чини дека е поголем. Поради тоа успорувате чекорот и подолго ги гледате рафтовите, па е поголема шансата да го купите и она што не ви треба.

3) Не носите од дома оброк

Многу луѓе кога се на работа нарачуваат храна или одат во ресторани на пауза за ручек. Во просек, мажите трошат 44 отсто повеќе пари на храна отколку жените. Пробајте да пресметате колку пари дневно давате на храна за работа, а потоа сето тоа соберете го и видете колку пари месечно трошите за јадење. Наместо да купувате готова храна, подгответе оброк од претходната вечер и понесете го со себе, бидејќи така многу ќе заштедите.

4) Вклучувајте светло

Дури и ако ги исклучувате сите светла и ги откачувате од утичниците сите електрични уреди, сметките за струја ви растат? Е ова веќе не е ваша вина, туку струјата се повеќе поскапува. Затоа, овде опуштете се и вклучувајте светло кога и да ви треба.

5) „Бесплатна“ достава

Продавачите се свесни дека купувачите тешко одолеваат да купат работи со кои оди бесплатна достава и тоа го користат. На купувачите обично им звучи поскапо кога на цената на производот ќе се доаде и цената на достава. Треба да знаете дека цената на производот кој го купувате обично е многу поголема од набавната цена, така што “бесплатната“ достава и тоа како им е исплатлива на продавачите, додека ве удираат по џебот.

Извор: hybread.mk

Shpërndaj me