40 години откако Д-р. Роберт Едвардс го оствари својот научен сон – раѓање на бебе од епрувета, во 2010 година доби Нобелова награда за развој на вонтелесното оплодување.

И порано имало обиди за ин витро оплодување, но ниту едно успешно не е завршено т.е. не резултирало со раѓање на бебе, се додека во јули 1978 година, на свет не дојде Луиза Браун. Првото бебе од епрувета беше симбол на големата победа на полето на медицината кој им даде надеж на милиони луѓе ширум светот за да станат родители.

Поедноставно кажано, процесот на вонтелесно оплодување се сведува на апликација и износување на јајце клетки од тело на жена и спојување со сперматозоиди во лабораторија, во микроуслови кои наликуваат на природни.

Во тоа време и на тоа место се случува оплодувањето – ин витро. Оплодените јајце-клетки го започнуваат својот раст, се длат на две клетки, па на четири, осум… Неколку дена после оплодувањето, ембрионот се враќа во телото на жената, конкретно во матката, каде и самиот расте.

Набрзо, доколку постапката е успешна, и сите услови се соодветни, доаѓа до имплантација на ембрионот во ѕидот на матката каде тој го продолжува својот раст и почнува нов сосема вообичаен живот.

Во природни услови, целиот процес од оплодувањето до имплантацијата многу малку се разликува: составувањето на сперматозоидот со јајце-клетката не се среќаваат во лабораторија туку во јајцеводот на жената, потоа оплодената јајце-клетка се спушта во матката каде после околу една недела од оплодувањето доаѓа до имплантација на ембрионот кој во меѓувреме, започнал да расте и да се дели. Исто како и ембрионот во лабораторија.

Медицината толку многу е напредна, што често еден број на ембриони добиени во лабораторија, не се враќаат во матката туку се замрзнуваат и се чуваат за евентуална наредна постапка.

Без оглед на природните процеси, ваквите бремености и бебиња, кои благодарение на ин витро доаѓаат на свет, по ништо не се разликуваат од другите.

Иако во реални услови сето тоа не е толку лесно и едноставно, а за пациентите кои се подложни на оваа постапка често е големо ментално и физичко оптеретување.

Луиза Браун, денес е жена од 40 години, која има свое дете зачнато по сосема природен пат.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...