Од осумдесеттите години на дваесеттиот век, Рубиковата коцка го окупираше вниманието на скоро секој човек. Но, како настанала една од најпознатите сложувалки на светот? Се започнало во раскошната Будимпешта, во главата на Ерне Рубик.

Во средината на седумдесеттите години на минатиот век, Ерне Рубик предавал дизајн на Академијата за применети уметности во Будимпешта. Тој барал начин да го демонстрира 3D движењето на неговите ученици.

Еден ден се нашол себе си како долго гледа во реката Дунав. Гледал како водата се движи околу чакалот. Тоа му послужило како инспирација за да направи подвижен механизам на коцки. Фактот дека деловите од коцката може да ги движите без раздвојување е прекрасен.

“Експериментирав во станот на мојата мајка. Користев дрво, гумени ленти и спојувалки за изработка на прототипот. Ми требаше некој вид кодирање за да ја направам ротацијата на коцките смислена. Го употребив наједноставното решение – основни бои.

Со поставување на налепницата за завршена коцка се почувствував емотивно. Знаев дека коцката е револуционерна. Штом почнав да ги пресвртувам страните, знаев дека тоа е вистинската сложувалка, но она што не го знаев е дали таа воопшто може да се реши. Ми требаа неколку недели. Коцката има 43 трилиони комбинации”, вели Ерне Рубик.

Откако ја составил коцката, знаел дека може да ја продаде. Ми биле потребни три години за производот да го пласира на пазарот. Коцката станала најпродаваната играчка на сите времиња.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...