Кактусите се високи и претежно бодликави растенија кои припаѓаат на семејството Cactaceae и одлично се противат на сушата.
Овие растенија складираат вода во нивните плодови, стебла или корени.
Секое растение кое расте во пустина е присилено да се навикне на живот без вода или пак живот со многу малку вода.

Кактусот не живее без вода, туку успешно преживува за време на долгиот период кога останува без вода- дожд.

Растенијата кои растат во нормални услови трошат многу вода. Тие црпат водат преку листовите, а кактусот нема листови.

Стеблата му се такви што многу мала површина е изложена на совчеви зраци. Ова растеније скоро воопшто не пушта влага. Според тоа, стеблата му се дебели така што во нив водата се складира и е обложена со дебел слој што претставува дополнителна заштита.

Неговата бодликавост не е привлечна за животните да се снабдуваат со вода, така што со своите резерви за вода ова растение успева да преживее и по 2 години.

Кактусот дополнително го украсува цвет кој се развива во плод со семе. Постојат преку илјадници врсти на кактуси. Тие растат во Јужна и Средна Америка, Мексико и во Југозапзниот дел на Соединетите Америкнски Држави.
Ги има во најразлична големина, од најмали, кои растат близу земјата, па се до највисоките, од 10 -20 метри.

Од сокот што се ствара во стаблата на кактусот, се произведуваат лекови и пијалоци. Од плодовите се подготвуваат вкусни слатки за во зима.
Ако сакате да посадите кактус и да го одгледувате во домот или градината, неопходно е да внимавате на количеството на вода.
Летно време доволно е да го наводнувате растението на секои 4 дена, а зимно време на секој 2 недели.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...