Било да се работи за хрчак кој живее најмногу 3 години или куче кое има век околу 15 години, миленичињата никогаш не се забораваат. Тие ни даваат безусловна љубов, и прекрасни спомени па затоа е тешко да ја преболиме нивната загуба, било да ни исчезнале или да ни почине.

Во Хрватска во Риека единствено има гробишта за миленичиња, но ние советуваме кога ќе се збогувате со вашето милениче да се консултирате со ветеринарот кој ќе ви каже решение.

Важно е да не се срамите да ги покажете своите емоции. Не се срамете да плачете или да тагувате. Така ги оплакувате сите заеднички моменти поминати заедно. И не ги слушајте другите кога ќе ви речат дека лесно ќе го замениш своето милениче, знаеме дека не е тоа баш така.

Добро би било доколку ги соберете сите спомени од него на едно место, и кога сакате може да се потсетувате на своето милениче кое веќе го нема.

Исто така не се обвинувајте за смртта на својот љубимец. Кога го нема се преиспитуваме дали секогаш бевме фер кон него, дали се грижевме за него, дали добро го храневте. Но тоа е погрешен став, вие не сте виновни.

Не паѓајте во депресија

После смртта на миленичето доколку сте биле поврзани, најчесто губите апетит, губите интерес за природа и животни. Веќе не се шетате на местата каде што сте шетале со своето милениче. Но животот оди понатаму колку тоа побрзо го сватите толку подобро за вас.
Дружете се почесто со своите пријатели, почесто со тие што имаат милениче, тие ќе ве разберат и ќе знаат како да ве утешат.

Како на децата да им објасниме дека нивното милениче угина?

Не ги потценувајте децата, тие чувствуваат и ги разбираат нештата. Не ја сокривајте веста од вашите деца дека вашето милениче веќе го нема. Порано или подоцна ќе сватат и ќе им биде потешко. Уште при самото земање на милениче треба децата да се припремат за животниот век на новиот пријатели во домот.

Кога е време за ново милениче?

Одоговорот е , кога сте го преболеле старото, бидејќи животните чувствуваат и им е потребна ведрина, не би сакале да ги гледаат своите газди тажни. Новото милениче, значи нов почеток.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...