Речиси секој човек при промена на времето е жали на главоболки, намалување на работоспособноста, замор. Може ли да се олесни животот на луѓето со голема чувствителност кон временските услови?

Кои луѓе се најчувствителни?

Кога времето се менува, уморни сме и не можеме да спиеме. Кога врне дожд, лошо сме расположени и не боли главата, а кога дува ветер раздразливи сме и нервозни.

Метеопатијата најчесто е типична за луѓето во средни години, особено жените, но, сепак, нема правило за одредена категорија луѓе. Особено зависини од промената на времето се луѓето со кардиоваскуларни болести, а најранливи се болните со нарушување на срцевиот ритам и вегетативна дистонија.

Вознемиреноста е симптом

За време на магнетни бури кај срцево болните се јавуваат симптоми на влошување, а истовремено со тоа се зголемува и бројот на луѓето што се жалат на зголемен крвен притисок и проблеми со циркулацијата. Според голем број научни заклучоци во деновите во кои се забележува сончева ерупција, случаите на инфаркт се зголемуваат значително. Колку посилно е нарушувањето во организмот, толку порано човекот почнува да ги претчувствува доаѓањето на снегот или на магнетните бури.

Совети што треба да ги примените

Проверете ја тироидната жлезда, бидејќи недостигот од јод во организмот придонесува за поинтензивни симптоми.

Зајакнете го нервниот систем- ако промените во времето предизвикуваат депресивно расположение, користете кантарион кој е одличен антидепресив.

Намалете со користење на пијалаци што содржат кофеин.

За да го зајакнете имунолошкиот систем, консумирајте чај од женшен, лимон, витамини Ц и Е.

Храната нека биде разновидна со сите витамини и минерали.

Почнувајте го денот со вежбање, особено ако сте безволни и чувствувате замор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...