Имињата на некои компании се многу необични, но ние толку сме навикнати на нив што воопшто не го забележуваме тоа. Со имињата на популарните брендови се сретнуваме секојдневно. Дали некогаш сте се запрашале како настанале?

Популарната германска марка на спортска облека и обувки „Адидас“ името го добила, благодарение на нејзиниот креатор Адолф Даслер, кого пријателите го нарекувале Ади. Со спојувањето на неговиот прекар и првите три букви од презимето, настанало името на брендот, Адидас, открива „Енаука“.

„Најк“ е име на грчката божица на победата, а популарниот знак на таа компанија го симболизира нејзиниот лет.

Американската софтверска компанија „Adobe“, го носи името на потокот, кој тече зад куќата на ко-оснивачот на компанијата Џон Варнок, додека името на компанијата, Ај–би–ем (IBM- International Business Machine), настанало кога Џон Вотсон, одлучил да стекне предност над своите поранешни работодавачи, кои ги продавале производите само на национално ниво.

ИКЕА е име, кое е комбинација од првите букви на името и презимето на нејзиниот креатор Ингвара Кампрада и првите букви од имотот и селото во кое тој пораснал – Елмтарид и Агунарид.

„Лего“ е комбинација од данските зборови „лег годт“, што значат „играј добро“. На латински јазик Лего значи „составувам“. Од компанијата велат дека се работи за случајност.

Популарниот газиран пијалок Кока Кола, името го добил по состојките кои се употребуваат за неговото произведување. Се работи за лист од кока и оревасти плодови, кои на пијалакот му даваат оригинален вкус. Компанијата „Пепси“, своето име го добила од дигестивниот ензим, пепсин.

Познато е дека „Фолксваген“, произведува народни автомобили во Германија, а името на оваа компанија во превод значи: „народен автомобил“.

Loading...

Shpërndaj me