Фудбалерите на Челзи направија голем кикс во борбата за Лигата на шампионите, откако ремизираа со Барнли (2:2) во последниот меч на 35. коло во Премиер Лигата.

Избраниците на Маурициот Сари мечот го почнаа лошо, па уште во осмата минута примија гол по лошо одбранет корнер. Ситуацијата ја искористи Хендрик и со одличен волеј донесе предност за гостите. „Сините“ тргнаа уште поагресивно, што резултираше и со гол на Канте.

Само две минути подоцна феноменален погодок во режија на Аспикуете и Игуаин. Шпанецот и Аргентинецот разменија неколку додавања, а грамадниот напаѓач ја смести топката под пречката.

Сепак, Челзи ги изгуби бодовите по големата глупост на одбраната која исклучително лошо реагираше за време на прекинот во 24 минута, па Барнс искористи невнимание и ја смести топката во мрежата.

Избраниците на Сари со овој натпревар направија голем чекор назад во борбата за Лигата на шампионите, имајќи предвид дека Арсенал и Манчестер јунајтед имаат меч помалку и шанса да ги престигнат на четвртото место на табелата.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...