Најголемото бизнис здружение – Стопанската Комора на Македонија го испофали законот за финансиска поддршка на инвестициите . На пресконференцијата која траеше околу половина час можеше да се слушнат само позитивни очекувања и едно големо браво за владата што напаравила едно вакво законско решение кое ќе ја мотивира инвестициската активност во земјава. Претставничката на комората Љупка Трајковска , не штедеше пофални зборови нуту за зголеменото партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор, транспарентноста на владата, а го искористи и моментот да ги покани и останатите успешни фирми да се вкчучат во иднина во распределбата на државната помош. По серијата пофалби за владата , од Стопанската Комора објавија и сопствен план за промена на досегашниот модел на економски развој.

Сакаме да ја поздравиме одлуката на владата на Република Македонија за носењето на закон от за финансиска поддршка на инвестициитево кој се инкорпорирани мерките од првиот и вториот столб со што го потврди јавно-приватното партнерство од моментот на подготовката ма законот преку континуираната консултација со реалниот сектор – изјави Љупка Трајковска од Стопанската комора на Македонија.

Од ова бизнис здружение очекуваат брза правна разрешница по неколкуте скандали поврзани со апликациите за државна парична помош на фирми поврзани со високи државни функционери . Како најзвучно име по кое имаше и најжестоки реакции во јавноста е вицепремиерот Кочо Анѓушев чии компании биле во трка за средства од државната каса.

Комората претпочитува доследно почитување на законската регулатива , нормално тоа е став и на бизнис заедницата, надоградба на принципите на нормирањата кои ќе овозможат било какви сомнителни ситуации да и тие да се расчистат. Целосна подршка имаат и надлежните институции во насока на расчистување на прашањата кои беа покренати во јавноста –  рече Љупка Трајковска од Стопанската комора на Македонија.

Делењето на државните пари , од законот за финансиска подршка на инвестициите , средставата од фондот за иновации , сомнителните тендери , добија остри критики во јавноста но и од дел од експертите во земјава. На неколку пати од владата преку пресконференции се обидоа да ги смират страстите на оваа тема и во јавноста да ги претстават позитивните ефекти.

Иле Петрески

Shpërndaj me