Европската Kомисија им забележа дека слабо се реализираат средствата од ИПАРД 2 програмата, а од Платежната агенција се оправдуваат дека вистинските резултати ќе се видат допрва. Иако досега од ИПАРД 2 програмата се исплатени само три милиони евра, очекувањата се дека до крајот на годината оваа бројка ќе достигне 8,7 милиони евра.

До тогаш ќе бидат исплатени големите проекти кои сега се во завршна фаза на реализација. Проблемот со недоволните капацитети и кадри кои ќе работат на апликациите за земјоделците се уште не е целосно одтсртанет и покрај новите вработувања, а директорот Николчо Бабовски најави и дополнителни 20 вработувања кои ќе работат само на  повлекување на европските пари во земјоделството.

„Извештајот е сосема реален, Агенцијата навистина треба се уште да ги зајакне своите капацитети. Веќе трите милиони евра исплатени средства покажуваат дека сме на добриот пат. И она што кажа министерот и до крајот на годината имаме таргет да исплатиме 8,7 милинои евра и со тоа ќе го покриеме и овој дел од извештајот“, рече Николчо Бабовски, Директор на Платежна агенција.

Денеска беше објавена најава за нов повик за ИПАРД 2 програмата за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси. На земјоделците ќе им бидат достапни од 8 до 10 милиони евра европски пари, односно преку кофинансирање ќе им бидат вратени 65% од инвестираните пари.

„Или конкретно заинтересираните ќе можат да аплицираат за модернизација на постоечките или отварање на нови погони на производство на тестенини и колачи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвна маса, аквакултурни фарми за слаткаоводна риба, отварање на кино, радио дифузно претпријатие во рурани средини како што се локално радио или телевизија, сместувачки капацитети ресторани кои нудат угостителски услуги“, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Ова е втор повик за оваа Мерка 7 за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси, а на првиот повик се склучени 23 договори со вкупни инвестиции од 4,3 милиони евра.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...