Премиерот Зоран Заев е свесен за незадоволството кое го имаат германските инвеститори од Владата. Според него, како социјалдемократска влада освен за бизнисот, мерките кои ги носат се во насока и на намалување на сиромаштијата. Германските инвеститори во анкетата спроведена меѓу 200 членки и дадоа нула за работата на Владата во областа на економијата. Иако податоците од првиот квартал покажуваат слаба реализација на капитални инвестиции, а и Светска банка ја намали проекцијата за раст на македонската економиија, премиерот е оптимист дека ќе имаме економска година како што и најави.

„Јас ја разбирам германската комора која што со прво реагира, на нас социјалдемократите, левичарите кога одредени мерки ги носиме, но наша обврска како влада покрај бизнисот и економијата е и солидарноста, помагање на сиромаштијата. Верувам дека сите заедно уште на пресекот на оваа година ќе биде вин – вин ситуација“, рече премиерот Заев.

Заев очекува раст на економијата од честири насто во првиот квартал и надминување на владините проекци од 3,2% до крајот на годината. Оптимизмот како што кажа го темели на податоците за раст на индустријата, растот од 25 насто на извозот од слободните зони. Вината за слабата реализација на реформите ја префрли на администрацијата која што според него е најслабата алка. Бизнисмените пак велат дека не може топката да се фрли само кон административците, туку државата да се посвети кон развој на индустријата.

“Од 2001 до 2017 година  имаме просечна стапка на развој од 2,7 проценти на БДП, многу понискко и од Албанија каде е 4 проценти и од Бугарија каде е 3,7 проценти. Не сме успеале со реформите. За мене како бизнисмен, најважно е тоа што ние ја уништивме, ја девастиравме индустријата“, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Главните пораки кои беа упатени од учесниците на регионалната конференција „Националната економија во пресрет на ЕУ“ е дека владата мора да го искористи поволниот политички момент, да продолжи со реформите во администрацијата, да се подобрат стандардите и конкурентноста и да се намали корупцијата и сивата економија.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...