Брегзит-от се повеќе ги компликува секоојдневните врски меѓу Велика Британија и ЕУ, а последни во низата проблеми се возовоте на „Евростар“, коишто сообраќаат на линија Лондон-Париз и кои би можело да бидат запрени ако на време не се случи раздвојувањето на Лондон и Брисел. На овие возови, со кои секојдневно илјадници одат на работа од Франција во Англија и обратно, би можело да им биде забранет влез на француска територија. На опасноста предупреди и министерката за европски прашања, Натали Лоиз. Франција веќе почна да ги презема и првите конкретни чекори, па наскоро во парламентот се очекува да биде претставен нацрт закон за разни сценарија од процесот за Брегзит.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com