Мајсторот за минијатурна уметност, Џанкарло Грацијани е при крај со изработката на модел од познатиот римски Колосеум. Идентичната копија на величественото архитектонско дело ќе биде лоцирано во Минијатурниот парк на Италија каде што веќе се наоѓаат десетици други бисери на италијанското културно наследство. Паркот е изграден во далечната 1970 година покрај Јадранското море и привлекува илјадници посетители од целиот свет секоја година.

Овој парк се појави од сонот и страста на еден голем љубител на уметноста и архитектурата. Основач на паркот беше Иво Рамбалди, водоводџија по професија, но со голема љубов за патувања, уметност и архитектура. Инспириран од неговата страст тој создаде еден вид натродимензионална мапа за да им покаже на сите колку е убава Италија“, изјави Антонела Биначи, претставник за медиумите

Паркот вклучува 273 области во кои се наоѓаат богатства на италијанското културно наследство. Италија има најголем број на културни подрачја под заштита на УНЕСКО, односно вкупно 53.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...