Пред околу 200 милиони години јужниот пол не бил прекриен со снег и мраз, покажува откритие на група научници од институтот во Хановер, Германија, кои за време на експедицијата на Антарктикот пронашле отпечаток од стапало на диносаурус, пренесува „телерепорт“.

Лабораториските испитувања покажале дека станува збор за животно од групата Архиосаурус, во која влегуваат диносаурусите, летечките влекачи, но и денешните крокодили.

„Ова е нешто сосема неочекувано за нас. Ова укажува дека пред околу 200 милиони години Јужниот пол не бил леден континент како што е денес“, изјавил Андреас Лојфер, член на истражувачкиот тим.

Научниците отпечатокот го откриле во јануари 2016 во севрната област на Викториината земја, но нивните откритија дури неодамна беа објавени во стручниот магазин Полар рисрч.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...