Дали заборавате често како на пример важни датуми, секојдневни материјални работи, родендени на пријатели, рата во банка за кредит, дали тоа Ве плаши дека е знак за поголем проблем, иако сте млади?

Бидете мирни. Науката, односно последните научни истражувања направени во Торонто, Канада, велат дека тоа е знак дека сте исклучително интелигентни.

Заборавањето е знак за висока интелигенција. Некои луѓе имаат поефикасен мозок и лесно паметат детали и датуми. Од друга страна, има луѓе кои што не можат да да се сетат на мали ситни работи, моменти кои се случиле во блиското или далечното минато.

Според предводниците на истражувањето, Paul Frankland и Blake Richards, тоа е сосема нормално, бидејќи на тој начин мозокот прави простор за новите сеќавања, односно врз старите создава нови сеќавања.

Докажале дека и луѓето со одлична меморија не влегуваат секогаш во категоријата интелигентни. Тие сметаат дека е многу поважно да се памтат големи рабти кои можат да направат промена во секојдневието и на подолг период, отколку ситни детали кои немаат таква намена и цел.

Лошата меморија е всушност механизам на мозокот за создавање повеќе место за складирање на важните информации, наместо неважни информации. Сеќавањата се складираат во хипокампусот на мозокот и ги бришат помалку важните информации со цел да се стави фокусна важните. Благодарение на тоа, ние како човечки суштества носиме подобри и помудри решенија.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...