Со оглед на тоа дека 80% од Американците не се придружуваат кон препорачаната количина на вежбање, 2,5 часа на умерена активност секоја недела, се чини нереално да се очекува дека луѓето ќе го заменат седењето со уште повеќе вежбање.

Со ова на ум, научниците од Медицинскиот факултет од Универзитетот во Јута ги истражувале здравствени придобивки од повеќе реални и остварливи цели, односно полесни активности во кратки периоди на време. Врз база на податоците од „National Health and Nutrition Examination Survey“ (NHANES), анализирале дали активностите со низок интензитет (стоење) и активности со умерен интензитет (пешачење, градинарство, чистење) позитивно влијаат на животниот век на луѓето кои седат повеќе од половина од нивното будно време во текот на денот.

„Националниот фокус е на умерена или висока активност. Откритието дека умерено интензивните активности ги намалуваат здравствените ризици е интригантно”, вели водечкиот автор д-р Сринвасан Беду, професор по интерна медицина.

Дури и кратките прошетки многу менуваат, кога се повторуваат повеќе пати во текот на една недела. Претпоставувајќи сте будни 16 часа секој ден, со две минути шетање на секој час, ќе потрошите 400 kcal секоја недела. Тој број се приближува до 600 kcal- препорачаната доза.

Во студијата учествувале 3243 учесници кои носеле акцелометри што објективно го мереле интензитетот на нивните активности. Учесниците биле следени три години. Во тој период имало 137 смртни случаи.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...