Собата со прав која има доста светлина поради продирање на сонце, има задржано 6%, а онаа без светлина 12% бактерии.

Луѓето отсекогаш интуитивно знаеле за благодетите од дневната светлина врз нивната здравствена состојба, меѓутоа, досега не многу студии се потрудиле да го објаснат истото.

Затоа, научниците од Универзитетот Орегон направиле обид за истражување со помош на прототип или модел на соби со големина на оние за кукли, пренесува порталот енаука.

Целта на научниците била да споредат што се случува во собите кои имаат доста дневна светлина, собите изложени на ултравиолетова светлина и оние кои се во темнина. Притоа, користеле мешавина од прав, собран од вистински куќи во Портленд.

После 90 дена, собрале прашина и направиле анализа на присуство на бактерии кои ги затекнале. Се покажало дека Florence Nightingale била во право кога во 19 век тврдела дека болниците треба да се градат на начин на кој прозорите од која страна се наоѓаат ги снабдат болничките соби со што повеќе светлина.

Собите, изложени на дневна светлина имале двојно помалку бактерии кои се способни за раст, за разлика од темните соби. Собите со ултра-виолетова светлина сепак имале нешто помалку бактерии од оние изложени на дневна светлина. Причината за испитувањето на состојбата кај двете соби е фактот дека ултра-виолетовото светло служи како средство за дезинфекција.

Научниците останале изненадени од присуството на голем број бактерии кои можат да се размножуваат, бидејќи домашната прашина наликува на песок од пустина. Премногу е сува за поголемиот дел од бактерии кои можат да се размножуваат. Во темните соби се затекнати 12% бактерии во споредба со 6,1 во собите со ултра-виолетова светлина. Сепак, 6% од милиони бактерии е сеуште голем број.

Дневната светлина значително влијае на квалитетот на воздухот. Собите ккои се изложени на дневна светлина имаат помалку бактерии кои се размножуваат на човечката кожа. Некои од нив кои нема да преживеат во светли соби се од фамилијата бактерии кои се предизвикувачи на респираторни болести.

Наредната студија ќе се позанимава со прашањето колку светлина е потребно за да се убијат микроорганизмите, за архитектите во иднина да го имаат тоа како информација за време на проектирањето на стамбени простории.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me