Според најновите извештаи, до крајот на 2022 година приходите изгубени поради онлајн
пиратерија ќе изнесуваат 51,6 милијарди долари, па некои стручњаци цврсто се уверени
дека ова однесување на корисниците никогаш нема да се искорени. Што за ова мислат
професионалци тесно поврзани со случаи на пиратерија и на кој начин планираат заштита
на интелктуалната сопственост, ќе дознаеме на НЕМ-овиот панел:

”Борба против пиратерија во регионот”во Дубровник од 11 до 14 јуни.

Загреб,3 мај 2018.-На многубројните прашања за онлајн пиратерија,како оние какви санкции е
неопходно да се воведат на пазарот и што можеме да научиме од други земји,свое мислење,
одговори и совети ќе дадат ценети говорници на панелот под назив ”Борба против пиратерија
во регионот”. Маријана Вукашиновиќ, водител за управување со содржини, Телеком Србија, ќе
модерира со панелот во кој ќе учествуваат и Дамир Хајдук, директор на Агенција за
електронски медиуми, Ирена Бателино, водител за аквизиции на содржини и медиа маркетинг
сервис на Телеком Словенија, Крис Андерсон,водител на одделот за филм и телевизија,МУСО
и Марк Малриди,потпретседател-Cybersecurity Services при Irdet.

“Оваа панел-расправа е важна за поефективна борба против пиратерија на мрежа,а
операторите мораат да комбинираат најсовремени технологии против пиратерија со
проактивно спроведување и истражни сервиси со цел идентификација и судско процесирање
на странките вклучени во големи мрежи за тргување со пиратерија”, рече Малреди кој е
одговорен за глобална испорака и управување со пакетот за Надзор над пиратерија и службите
за спречување киберкриминал.

Сурова статистика

Како пиратеријата изгледа во бројки,особено во нашиот регион,никако не ни е во
прилог.Имено Хрватска е четврта земја по пиратерија на светот,и тоа не по количина,туку по
зачестеност-илегално преземаме почесто отколку држави.Пред нас се Летонија,Бугарија и

Литванија, а по нас Шпанија,Грција и Србија.

Податоците се резултат на истражувањата на фирмата МУСО во 2016 година, која нуди
антипиратски решенија за фирми,врз основа на истражување на прометот на 14 илјади
најголеми пиратски дестинации, а водител на услуги за филм и телевизија е и НЕМ-овиот
панелист Крис Андерсон.Андерсон ни откри дека посетите на пиратски web-страници за тв
содржини пораснале глобално за 3,4 проценти од 2016 година. Со скорешната пролиферација
на услуги од претплата на VoD,тврди,барањето незаконита содржина опадна,но овде тоа не е
случај.

“Поголемиот дел се од посетите на интернет страни за streaming(96,1 процент),со
пристап од мобилни уреди (51,92 проценти), кои ја подигаат скалата на начин да станат
најпопуларно средство за конзумирање нелигитимни содржини, а кон крајот на 2017 година
телевизиската пиратерија базирана на torrent повторно порасна“, кажа Андерсон
истакнувајќи како нивната интелегенција и анализи го покриваат целиот пазар.
Но дека законите не се “за да се кршат“покажува примерот на Германија во која само 1.71% од
интернет популацијата употребува пиратски содржини. Имено, ако во Германија симнете некоја
серија или филм можете да бидете казнети со 900 до 2000 € по филм или серија.
Во Хрватска, интернет оператерите илегалното преземање содржини од интернет немаат
овластување да го проверуваат затоа што немаат пристап до содржината.

Бидете дел од медиумската елита

Ако сакате да ги искористите сите бенифиции што ви ги овозможува НЕМ И да бидете дел од
влијателниот медиумски свет који веќе шеста година по ред се собира во Дубровник, оваа
година од 11 до 14 јуни, побрзајте по својата акредитација затоа што капацитетите само што не
се потполнети.Сместувачките капацитети потполно се распродадени.

Shpërndaj me