До први септември годинава исплатени се 99 отсто од субвенциите за 2017 година. На земјоделците исплатени им се 100 милиони евра од директната поддршка предвидена со програмата. Од Буџетот на Платежната агенција, реализиран се над 80 проценти, или над 101 милиони евра се испалтени.

Најмногу пари од субвенциите се исплатени за полјоделство, потоа следат сточарството и градинарството. Најмалку субвенции земале земјоделците за органско производство.

„Реализацијата на Буџетот е 80 проценти односно до овој момент се исплатени и пласирани кај земјоделците и агросекторот воопшто околу 6,8 милјарди денари или 101 милион евра и малку повеќе или ако сакате во директни плаќање веќе имаме реализација од 99 проценти што не било досега или 6,2 милјарди денари“, рече Николчо Бабевски, директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството.

Во однос на искористеноста на ИПАРД програмата директорот на Платежната агенција информираше дека досега се потпишани над 800 договори од вкупно 1.680 апликации. Вкупната вредност на склучените договори изнесува 13,9 милиони евра, пари кои ќе бидат исплатени по реализацијата на инветсицијата. Брзото и ефикасно искористување на парите од европските фондови, според првиот човек на Агенцијата е причината за набавката на 180 нови компјутери за вработените, тендер кој предизвика реакции во јавноста. Според Бабовски на Агенцијата и се потребни компјтери со моќни процесори бидејќи годишно се обработуваат од 150 до 160 илјади апликации.

„…Ќе набавиме 180 нови компјутери со највискоки преформански односно ќе обезбедиме обработка точна, брза и сигурна на сите апликации кои што се потребни за да може да ја реализираме и Националната програма и ИПАРД програмата што е една од забелешките кои што беа нотирани во извештајот за напредокот на Македонија од страна на Европската Комисија“, додава Бабевски.

Тендерот беше објавен во понеделникот и ќе трае до втори октомври кога ќе бидат објавени понудите. Од Агенцијата велат дека постапката е транспарентна и е објавена во службеното гласило на ЕУ.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me