Иранските власти уапсиле 17 шпиони кои работеле за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти денеска иранската државна телевизија. Дел од странските медиуми пренесоа дека неколкумина од нив се осудени на смртна казна. Станува збор за оперативци коишто биле активни последнава година. Идентитетот на приведените сѐ уште не се открива. Се очекува реакција од Вашингтон, кој со Иран веќе со месеци имаат влошени односи.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...