Евроазиската економска унија, во чиј состав влегуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан потпишаа привремена спогодба за воспоставување на зона на слободна трговија со Иран, се објавува на економскиот форум што се одржува во казахстанската престолнина, Астана.

Документот ја претставува првата фаза од формирањето на зона на слободна трговија меѓу Евроазиската економска унија и Иран. Со неа се предвидува намалување или целосно укинување на увозните давачки за одреден број производи.

Договорот е заклучен на три години, период кога ќе треба да се договорат сите детали околу конечниот договор за зоната за слободна трговија.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД излегуваат од договорот за иранската нуклеарна програма, која во 2015 година ја постигнаа шестмината меѓународни медијатори (Русија, САД, Велика Британија, Кина, Франција и Германија). Покрај тоа, Трамп објави дека сите санкции кои се суспендирани како резултат на постигнатиот договор ќе бидат обновени.

Сепак, според досегашниот развој на настаните се чини дека Трамп, наместо да го изолира Иран, на властите во Техеран им отвори нови и пошироки можности за економски развој.

Shpërndaj me