Иранската војска објави дека соборила американски воен дрон, додавајќи дека овој инцидент е „јасна порака за Америка“.

Вашингтон исто така ја потврди информацијата, но кажа дека дронот бил погоден со проектил земја-воздух додека се наоѓал во меѓународен воздушен простор, а не над иранска територија. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека инцидентот се случил во близина на Кумобарак, во јужната провинција Хормозган.

Ова доаѓа во времето кога повторно ескалираа тензиите помеѓу двете земји. Во понеделникот, Пентагон испрати дополнителни 1.000 војници во регионот, како „одговор на непријателско однесување на Иран“. САД го обвини Иран за нападот на два танкера во Оманскиот Залив минатиот четврток, што Техеран го демантираше.

„ИРГЦ собори американски шпионски дрон денеска наутро, откако го нарушил иранскиот воздушен простор“, објави новинската агенција „Ирна“.
Иран вчера ги предупреди САД дека нема да толерира никакво нарушување на својот воздушен простор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...