Руската нуклеарна централа „Калињин“, лоцирана 350 километри северозападно од Москва, денеска исклучи три од четири свои производни единици по краток спој што се случил во трансформаторот.

Според објавата на руската компанија „Росенергоатом“, нивото на радијација е нормално.

Агенцијата ТАСС пренесува дека од прес службата на електраната добиле уверување дека исклучувањето на реакторите не е поврзано со работата на главната опрема на централата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...