Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру наскоро ќе се пресели во Интер, тврди „Ла Газета дело спорт“. Двете страни се договорија за деталите. Клубот од Милано ќе плати за Французинот пет  милиони евра плус 1,5 милиони како разни бонуси.

Жиру ќе потпише договор за 2,5 сезони со плата од четири милиони годишно.

Оваа сезона Жиру настапи на пет натпревари во Премиер лигата и на еден натпревар во Лигата на шампионите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...