Интер не успеа да го запре Јувентус, кој победи во дербито на Италија со 1-0 и остана непоразен во досегашниот тек на првенството. Ова е 14 победа на Јувентус од вкупно 15 одиграни натпревари сезонава. Со 43 освоени бода во 15 кола, Јувентус го израмни рекордот на ПСЖ од пред една сезона во конкуренција на петте најсилни национални првенства. Јуве во овие 15 средби постигна 32 гола и прими само 8.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...