Фудбалскиот клуб Интер тргна во потрага по напаѓач за следната сезона. Како главна опција го „маркираше“ шпицот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, како замена за сѐ поизвесното заминување на Мауро Икарди. Како што наведуваат италијанските медиуми, неро-аѕурите дефинитивно одлучија да го продадат Аргентинецот по одлуката да не го продолжи договорот, а силниот Белгиец е прва опција за „деветката“ на Интер.

Англискиот клуб нема ништо против тоа Лукаку да го испрати во Милано за 50 милиони евра, што е дури 35 милиони помалку во однос на износот што му го исплати на Евертон 2017 година. Ако пак, белгискиот репрезентативец одлучи да заврши во Интер, ќе мора да прифати и плата помала за 10 милиони евра по сезона.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...