Бирократските процедури и лавиринти ја држат депонијата Дрисла без управител. Преписката помеѓу градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директортака на Централниот регистар дополнително ја комплицира ситуацијата во која Шилегов бара Дрисла да се врати под капата на градот како јавно претпријатие. Но, од регистарот му посочуваат дека тоа не е возможно без преобразба на компанијата од јавно-приватно партнерство во јавно претпријатие.

За жал порано избраниот партнер, иако нема формален основ бидејќи Советот на Град Скопје донесе одлука да се прекине постапката и да се врати Дрисла како јавна сопственост, како јавно претпријатие. За жал порано избраниот партнер сè уште е внатре, сè уште стопанисува и без никаков правен основ реализира одредени профити – изјави Петре Шилегов Градоначалник на Скопје.

И додека институциите се договорат кој ќе биде одговорен за ѓубрето во главниот град, во медиумите се објавија текстови дека во Дрисла и поголемите индустриски капацитети се гори опасен отпад. Според објавите, опасниот отпад доаѓал од западно-европски земји, а дозволата за влез на отпадот ја давале властите кои притоа и профитирале од тие зделки. На индустриските капацитети пак, наводно им било дозволено да работат без соодветните филтри. Овие информации денеска ги демантираше вицепремиерот Кочо Анѓушев, а Шилегов уверува дека во Дрисла се пали само медицински отпад.

Друг вид на отпад за жал не се гори. Велам за жал затоа што ако успееше постапката за избор на приватен партнер, таков тип на инсталација беше еден од таргетите кој што градот би требало да го долови – рече Петре Шилегов Градоначалник на Скопје.

Со депонијата Дрисла претходно раководеше италијански концесионер ФЦЛ амбиенте, но градскиот совет одлучи да го раскине договорот и конецијата да се додели на германско-хрватски конзорциом предводен од фирмата Шолц, но по еден месец и оваа одлука падна. Согорувањето на отпад во депонијата Дрисла скопјани веќе со години наназад го гледаат како еден од главните виновници за загадувањето особено во зимските денови.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...