21 затворени угостителски објекти во повеќе градови. 14 неправилности во објектите каде се продава храна. Неколку трговци непочитувале околу замрзнати цени на производите, а некои намерно прикажувале недостиг на одредени артикли, правејќи залихи, за подоцна да продаваат поскапо. Ова е резултатот од здружената контрола на шест државни инспекторати – за труд, пазарниот инспекторат, инспекцискиот совет, санитарниот и здравствениот инспекторат, инспекторатот за транспорт и Агенцијата за лекови МАЛМЕД.

Во период од 19 до 22 март извршени се 11.358 контроли. Најмногу надзори биле извршени од пазарниот инспекторат 9.658 .

„Овој инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и трговците, со одлука на Влада е задолжен и да ги контролира замрзнатите цени на одредени производите. Во периодот од 19 до 22 март, пазарниот инспекторатот направи  869 надзори за контрола на замрзнатите цени – кај одредени трговци од малопродажба е констатирана промена на цената на неколку производи, но субјектите се задолжени да постапат по одлуката и да ги вратат старите цени од 11 март“, рече Магдалена Филиповска – Грашковска, претседателка на Инспекциски совет.

Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски вели дека прават детални проверки кај неколку големи компании кои увезуваат овошје. Побара трпение од граѓаните, бидејќи вршат споредба на увозните цени, маржите и залихите кои тие ги создавааат, за да можат да ги продадат откако ќе им скокне цената. Пауновски очекува продажбата цена на лимонот да остане повисока, но, не со продажна цена повисока од 50 насто. Вели дека инспекции се прават и кај помалите субјекти, но и за други производи.

„Онаму каде има случаи цените да не се вратени од 11.03. со наредба на Државниот пазарен инспекторат цените се враќаат и на рафотивте каде можат потрошувачите да ги видат, се враќаат и во книговодството и на фискалниот апарат… Ако повторно видиме дека цената и покрај наредбата за намалување не постапиле и покрај изречената казна не постапат, во Законот е предвидено истата стока како ДПИ да ја одземеме во корист на државата“, рече Пауновски.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак спровела 189 надзори, од кои во два објекти немало направено санитарни прегледи, во три објекти е регистрирана нехигиена, а во девет месарници неправилно било чувано месото. На терен биле и од Инспекторатот за труд, кој направи 463 контроли и издал 11 решеија и 20 укажувања за работодвачите кои не постапиле според мерките на Владата за заштита од коронавирусот. Директорот Аљадин Хавзиу ги повика работниците да пријавуваат телефонски или на нивниот веб сајт евентуални поплаки.

„Секоја претставка ќе остане анонимна, да не се плашат да пријавуваат. Ние нема да излегуваме во медиуми да кажеме кој е. Тоа останува кај нас дискретно и ние ќе постапуваме. Пораката е да не се плашат да пријавуваат“, рече Аљадин Хавзиу – директор на државен инспекторат за труд.

Инспекторат за транспорт забележал дека нема промена кај меѓуопштинскиот сообраќај и тој се одвива со намален интензитет, а меѓнародниот превоз на патници е целосно во прекин.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...