Просветниот инспекторат не увидел недоследности во образовно- научното унапредување на државните функционери Арбер Адеми и Агим Нухиу. Ова го пошува во извештајот од вонредната инспекција кој ја спровел лично директорот Томе Спировски. Оттаму се оградија од инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој тврдеше дека има прекршување на процедурите кога Тетовскиот универзитет го назначил Арбер Адеми за доцент а Агим Нухиу за вонреден професор. За случајот на унапредувањето на Адеми во доцент, во текот на времето кога бил државен функционер, од Инспекторатот се вели:

„Тука не се работи за мирување и продолжување на рокот на огласот, туку за фактичка состојба во која кандидатот по докторската дисертација ги исполнува условите за доцент, што е нормално напредување во високото образование, унапредување кое не се врши според предвидени рокови, туку според докторската дисертација и исполнувањето на условите за станување доцент“, Инспекторат за високо образование.

Во случајот на Агим Нухиу пак, од Инспекторатот велат дека унапредувањето е направено според член 133, алинеја 1 од претходниот Закон за високо образование.

„На лицето му било во мирување работниот однос на Тетовскиот универзитет, но не и образовно- научниот ангажман, за кое има посебен договор за интелектуални услуги, за кој, според документите, тој не добивал паричен надомест и сето тоа е направено според закон“, изјавиа од Инспекторат за високо образование.

Од Тетовскиот Универзитет за Алсат велат дека при унапредувањето на Нухиу и Адеми се почитувани сите потребни процедури, негирајќи ги неправилностите за кои говореше инспекторот Илиевски.

„Ние како институција ги почитувавме сите процедури за унапредување. Професорите се редовни на Универзитетот, но поради нивните функции тие од нас не добиваат финансиски надомест. Цениме дека, законитоста на унапредувањата ќе ја констатира и надлежниот инспекторат од кого го чекаме завршниот извештај“, велат од ДУТ.

Во извештајот на Илиевски пишува дека двајцата функционери незаконски биле унапредени пред две години. На прашањето на Алсат телевизија, зошто тој до сега молчел и не го пријавил прекршокот, тој изјави дека законот предвидува рок од пет години во кои може да се вратат на разгледување унапредувањата и процедурите. Тој негира дека извештајот го изработил под политичко влијание или од лични побуди. Случајот е пријавен и во Антикорупциска комисија, која отвори постапка и приобира информации за да утврди дали има или не законски неправилности.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...