Три дена пред можното распуштање на Собранието, објавен е конкурс за вработување на 7 службеници во Инспекторатот за употреба на јазиците. Ќе биде отворен 15 дена. Доколку Собранието се распушти во недела, Изборниот законик предвидува замрзнување на сите распишани конкурси. Без оглед дали ќе се одложи овој конкурсот или не, инспекторите нема да ја започнат својата работа уште една година по нивното назначување во ова тело.

„Инспекторите кои ќе бидат вработени ќе следат 9-месечна обука и ќе бидат лиценцирани врз основа на јазиците, 3 месеци ќе биде општиот дел што ќе биде предмет на испити. Неопходно е да ги следат обуките, а кога ќе завршат со овие обуки, тие ќе бидат лиценцирани и потоа ќе излезат да вршат инспекциски надзор во сите државни институции во земјата”, рече Фатмир Исени – директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Распишувањето на конкурси пред избори од Антикорупциската комисија го сметаат како начин да се влијае врз гласачите.

Инаку, институциите  и понатаму не го почитуваат Законот за јазици, иако според роковите предвидени со него, тие беа должни да го користат и албанскиот јазик во својата работа.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...