Втората светска носителка во тенис, Каролина Возњацки беше елиминирана во осминафиналето на мастерс турнирот Индијана Велс. Победничката од Австралија загуби од Дарија Касаткина со 2:0 во сетови. Ова е втор пораз на Возњацки од Русинката која ја порази и во четвртфиналето во Санкт Петерсбург. Сега противничка на Касаткина ќе биде Анџелик Кербер додека во четвртфиналето се пласираа и Симона Халеп, Венус Вилијамс и Каролина Плишкова. Кај тенисерите, пласман обезбедија Дел Потро, Багдатис и Раониќ додека деветтиот носител, Џек Сок загуби од Фелисијано Лопез.

Shpërndaj me