Овие огромни роботи ни се познати уште од детството. Тогаш ги гледавме во цртаните филмови со футуристичка содржина, а деновиве шетаат низ улиците на Украина. Не доаѓаат од некоја друга планета, туку се создадени во работилницата на брачниот пар Охол. Нивниот оклоп е изработен од гума, пластика и метал, а тежи околу 15 килограми. За да го пробате, мора да имате неколкудневна обука, бидејќи, како што велат нивните креатори, пронаоѓањето на рамнотежата е како да учите да возите велосипед.

„За да се изработи секој од овие костуми потребно е доста време. Поточно, околу три до четири месеци. Среќа имам доволно искуство во оваа работа, па можам да обратам внимание на деталите“, вели Павло Охол, електро-инженер.

„Идејата ја имав уште во детството и ја чував длабоко во себе, со надеж дека еден ден ќе ја остварам. Тоа почна да се случува кога почнав да работам во Институтот за вештачка интелигенција“, открива Ана Охол, програмер.

Успешниот проект на овие експерти по електроника се чини дека за кратко време ќе почне да го обиколува светот. Досега нивната компанија има изработено 85 униформи, но работи и на нови модели кои се очекува наскоро да бидат промовирани на неколку изложби во САД и во Катар.

Петар Блажевски

Loading...

Shpërndaj me