Претставничкиот дом на американскиот Конгрес кој е предводен од Демократската партија на 14 јануари ќе реши кога да ги предаде документите за импичмент против претседателот Доналд Трамп, изјави спикерот на Домот Ненси Пелоси. Се очекува Трамп во Сенатот да биде ослободен од обвинувањата за злоупотреба на власта за лична придобивка, како и за опструкции на Конгресот. Демократите во Претставичкиот дом го обвинија Трамп дека вршел притисок врз Украина да покрене истрага против поранешниот потпретседател и потенцијален негов ривал на претседателските избори Џо Бајден.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...