Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс икс“, Илон Маск, одржа презентација и го отвори првиот брз тунел под градот Лос Анџелес.

За време на презентацијата, Маск соопшти дека за брз премин низ тунелот на автомобилите ќе има поставено странични тркала кои ќе се монтираат по потреба. Засега таквата опрема е достапна само за електричните возила „Тесла“, компанија во која најголем удел има лично Илон Маск.

„Ќе може да се вози со брзина поголема од 240 километри на час. Со таа брзина се чини дека се телепортирате низ градот“, напиша Маск на својот профил на твитер.

Loading...

Shpërndaj me