Вечерва Словенија ќе гостува во Скопје во рамки од 7. коло од квалификациите за Европското првенство. Второпласираната селекција во групата ќе се надигрува со Македонија и ќе се обиде да освои нови три бода и четврта победа во овој циклус.

Еден од подобрите фудбалери на Словенците, Јосип Иличиќ, најави дека првиот од двата меча во овој период е најважен за остатокот од квалификациите.

„Се наоѓаме во одлична позиција, но би можеле да загубиме се што постигнавме досега со неупсех кај Македонија. Знаеме дека имаме причина да размислуваме позитивно, но многу работи ќе зависат од мечот во Скопје. Кога ќе си ја завршиме работата на посакуван начин, дури тогаш ќе можеме да размислуваме за дуелот со Австрија“, рече 31-годишниот голгетер.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ се игра вечерва во 20:45 часот./gol.mk/

Loading...

Shpërndaj me

Loading...