Бавното темпо на одвивање на градежните работи на автопатот од Охрид до Кичево, во јавноста фрла сомнеж дека тој може да биде готов до 2021 година, како што тврди власта. И покрај постојаните ветувања на надлежните дека ќе се интензивираат активностите за изградба на оваа многу важна автопатска делница, на терен состојбата е речиси со месеци иста. И дел од градоначалниците во југозападниот дел од државата, низ чиишто општини треба да поминува автопатот, не веруваат дека истиот ќе биде готов до 2021.

Јас како градоначалник, како прв човек на општината треба да инсистирам и да го кревам гласот за спроведувањето на овие проекти. Автопатот Кичево-Охрид е значаен за економијата на државата, но за жал тој проект требаше да се заврши на крајот од 2017 година. Сега сме 2019 година, а се уште изгледа далеку… Надежта е голема и нека биде така до 2020 или крајот на 2021, истиот биде функционален. Се надевам и инсистирам на реализација на истиот.“-изјави Фатмир Дехари-граоначалник на Кичево.

Голем дел од трасата на автопатот поминува низ општина Дебарца.

 Секогаш треба да бидеме оптимисти, меѓутоа со ваква динамика мислам дека тешко. Сепак се надевам дека она што го кажа министерот ќе се реализира и ќе се забрза таа динамика. Комуникацијата е отежната, сведоци сме на повеќе сообраќајни незгоди коишто се случија. Кога се работи подолго време, нормално е дека отежната комуникцијата“-рече Зоран Ногачески- градоначалник на Дебарца.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески неодамна од Охрид најави дека рокот на завршување на работите е јуни 2021 година и оти се правеле напори дел од патот да биде отворен наредната година, на потегот од Охрид до селото Врбјани.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...