Синоќа околу 2 часот во пожар изгореа просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, а зафатени се и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица. Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествувале во гаснењето на пожарот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето учествувале скоро сите пожарникари со сета расположива техника и по повеќе од 6 часови пожарот е ставен под контрола.

-Запрено е ширењето и сега наши екипи го контролираат местото на пожарот, рече Гудев.

Информираше дека двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...