Пред неколку минути во Парламентот во Приштина беше изгласана новата Влада на Косово на премиерот Албин Курти од движењето „Самоопределување“. Од 120 пратеници, „за“ гласаа 66, 10 беа воздржани, а „против“ немаше ниту еден затоа што пред гласањето собраниската сала ја напуштија пратениците на Демократската партија на Косово.

Владата ќе има 15 министерства. Шест ќе има „Самоопределување“, исто толку Демократскиот сојуз на Косово, а три министерски места ќе имаат малцинствата.

Во Владата учествува и Српската листа.

Владата на Косово се формира дури четири месеци по парламентарните избори што се одржаа на 6 октомври лани.

Професорот Блерим Река од Штуловиот Универзитет во Тетово е поставен за министер за евроинтеграции.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...