Пожарите коишто во текот на вчерашниот ден избувнаа на неколку локации во близина на Скопје се изгаснати, информираат од противпожарните бригади.

Како што се наведува во билтенот од МВР:

На 19.08.2019 година во 10.40 часот во Полицискиото одделение Сарај било пријавено дек настанал пожар на потегот помеѓу с.Љубин и с.Рашче и била зафатена нискостеблеста шума. Околу 21.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.

На 19.08.2019 во 18.20 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека настанал пожар кај с.Кондово. Во пожарот била зафатена борова шума. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...