На вчерашната владина седница беше донесена уредба која утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, до 30 јуни. Но, од Министерството за правда денеска не одговорија на прашањата на Алсат, како ќе се спроведе забраната за постапување на извршителите кај граѓаните со блокирани сметки и колкав е бројот на предмети и средства. Од Комората на извршителите најавија дека ќе го соопштат нивниот став кога уредбата ќе се објави во „Службен весник“.

Според владината уредба извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија освен во случаи :„кај  побарувања врз основа на законска издршка, со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови, со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба“.

Според истата уредба, работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите  на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите до 30 јуни 2020.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...