Граѓаните преку мобилна апликација на која ќе го скенираат кодот на фискалната сметка ќе можат да добијат поврат на 15 отсто ДДВ на производите кои што имаат 18% данок на додадена вредност. Фискалната сметка не треба да биде постара од пет дена, а како што најави премиерот Зоран Заев сите потребни податоци за поврат на ДДВ ќе ги има оваа апликација.

Според Заев, граѓаните ќе треба да ја сликнат фискалната сметка, да ја аплоудираат на апликацијата и парите легнуваат на нивна сметка. Но, освен оваа најава на Заев, засега не се откриваат повеќе детали. Од Министерството за финансии кое заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) работеа на имплементацијата, велат дека граѓаните ќе ги информираат после изборите. Нема одговор за тоа како апликацијата ќе биде поврзана со трансакциските сметки на граѓаните и со системот на е -даноци, дали ќе се врши поврат месечно или годишно.

Министерство за финансии:

Повратот на 15% од платениот ДДВ за граѓаните како што беше најавено ќе почне од јули годинава. Повратот ќе се врши на едноставен начин со користење на мобилен телефон. Во моментов не би откривале повеќе детали, граѓаните ќе бидат навремено информирани“, велат од Министерството за финансии.

Заев пред два месеци кажа дека секој граѓанин кој што има над 15 години и важечка лична карта ќе има можност за поврат на данокот на додадена вредност. Потребно е само да има трансакциска сметка и да биде регистриран во системот е -даноци. Кажа дека предвидени се и месечни лимити за поврат на ДДВ, за богатите кои трошат повеќе да не добијат најмногу пари назад. Мерката беше најавена дека секое семејство ќе добие максимум по 500 евра годишно од поврат на ДДВ.

Според анализата на Фајнанс тинк пак, само најбогатите домаќинства кои годишно трошат над 20 илјади евра, ќе добијат од државата на име ДДВ околу 450 евра. Просечно македонско семејство кое троши за минималните основни потреби околу 530 евра, колку што изнесува социјалната потрошувачка кошница, ќе добие само 172 евра. Мерката е со цел да се намали сивата економија.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me



Loading...