Предвремените избори кои се начелно договорени за во април на пролет, може да го одложат влезот на нови инвестици, велат од германските фирми кои работат во земјава.

„Во најлош случај додека траат изборите односно во тој период може да има пролонгирање на потпишување на нови договори со нови инвестиции. Искрено се надевам независно која партија ќе дојде и ќе формира влада дека во мај ќе имаме нова Влада“, рече Патрик Матенс- директор на делегацијата на германското  стопанство.

До крајот на оваа година странските инвеститори можно е да добијат помали цариски стапки при увоз на одредени производи. Ова е едно од нивните главни барања. Премиерот Заев вели – ако тоа се случи, заштедените пари ќе треба да ги реинвестираат во своите капацитети.

„Тие дадоа од прилика 30 цариски стапки со апел за 12, каде што нема домашни производи, нема што да штитиме со обврска дека сите овие заштеди коишто ќе ги направат од царините, доколку Владата позитивно се изјасни со флексибилните мерки коишто ги бараат од Владата, тие сите пари ќе ги реинвестираат во нашето стопанство“, рече Заев.

Инаку, оваа година може да се вброи како лоша година за странските инвестиции во земјава. Последната анализа на Народната банка објавен пред еда недела говори дека само 131 милион евра влегле во првите девет месеци од оваа година. За целата ланска година тој износ изнесуваше 614 милиони.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...