Постигнат е договор за Изборниот законик. Покрај измените што произлегуваат од препораките на ОБСЕ / ОДИХР, политичките партии веќе имаат договор и за измена на границите на двете изборни единици за да се избалансира бројот на гласачите во нив. Предлог / измената за кој станува збор е од ДУИ.

Амандманот на ДУИ за пренесување на некои избирачки места од зоната шест во зоната пет беше усвоен со цел да се избалансираат разликите помеѓу изборните единици, особено шестата единица”-рече Артан Груби, ДУИ. 

Сепак, проблемот не е решен. Оваа промена се регулира во рамките на границата +-5% само на шестата изборна единица, но не и на другите изборни единици. Во трите од шесте единици границата сè уште ima  дисбалансот.

Втората единица има +5,74% гласачи; третата единица, -7,64% и четвртата единица, -6,36% движење од законската просечност од -+5%

Изборна единица             Број на гласачи               Процент

    2                                  320 620                                + 5,74

    3                                  280 042                                – 7,64

    4                                  283 929                                – 6,36

Проблемот со дисбаналсот на бројот на избирачите во изборните единици се повторува пред секој изборен циклус. Обично, партиите наоѓаат решенија само со правење на најсоодветните математички комбинации бидејќи се движат од една изборна до друга изборна единица. Од ДУИ пред неколку дена рекоа дека неуредувањето на дисбалансот ќе значи нелегален изборен процес кој може да го оспори секој граѓанин во Уставниот суд.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...