Премиерот Зоран Заев продолжува да ја поттикнува иницијативата за промена на изборниот модел и моделот со шест изборни единици, но постојано повторува дека тој и неговата партија не се иницијатори. Тој верува дека во Собранието може да се формира потребното мнозинство за овие измени. Прашан дали можат да се обезбедат гласовите со Бадентер, Заев изјави:

 Но, тоа што Заев и неговата партија ја поддржуваат иницијативата која неколку помали партии ја потпишале, други партии се противат на истата. Против моделот со една изборна единица се ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а поддршка ваквиот модел има само од Алтернатива.

 Невзат Бејта- ДУИ

„До сега овој модел беше успешен, добар и прифатлив за граѓаните. Ако за другиот модел во иднина се дебатира на ниво на лидери, се согласат, консултираат експерти, дебатираат политичките партии во Македонија, ако оди во прилог на граѓаните, тогаш можеме да размислуваме да има промени во Изборниот законик“.

 Ремзи Мехмети- АА

„Со една единица, на овој начин, со сите овие аргументи, опасно е бидејќи албанскиот глас може да се преполови во смисла на мандати“.

 Скендер Реџепи- Алтернатива

„Има предности и слабости. Предност е што им се дава можност на сите граѓани на државно ниво да им се признае гласот, каде и да се, се дава можноста тие 200 илјада фиктивни гласачи за кои велевме дека постојат во изборните единици 3,4,5 и кои фигурираат, да се избришат и веќе нема да постојат“.

Според досегашната пракса, Изборниот законик се менува со консензус, секогаш обезбедувајќи усвојување на промените со над 2/3 од гласовите. Сепак, од Собранието објаснуваат дека ваквите промени законски се прават со мнозинство од 61 пратеници и без Бадинтер.

 Fatlume Dervishi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...