Од денеска и официјално на јавен увид е ставен Избирачкиот список. Запишани се 1.850.700 гласачи. Паралелно започна и пријавувањето на граѓаните од дијаспората, кои сакаат да гласаат на престојниот референдум во септември. 19 иселеници веќе го оствариле правото и се пријавиле дека ќе гласаат. Сепак Државната изборна комисија крева раменици за неправилностите кои и натаму ги има во избирачкиот список. Во овој акт се уште фигурираат починати лица, гласачи заведени на непостоечки адреси како и гласачи со украден идентитет. На прашањето како до 23 август ДИК ќе ги отстрани овие аномалии, од таму одговорија дека единствено граѓаните може да укажат дали починато лице е на списокот, па потоа да пријават, зошто ДИК, на своја рака, не може да реагира.

Сега во овој период интензивно ги повикуваме граѓаните да прават увид во ибирачкиот список и да поднесуваат барање за измена на податоци. Ги спомнавте починатите лица. Доколку има починати лица ко се запишани на избирачкиот список, во тој случај некој член од нивното семејство може да поднесе барање за бришење на податоци со поднесување на соодветен документ – изјави Љупка Гугучевска, портпарол на ДИК.

И подрачните единици на ДИК од денска се ставени во функција. Таму граѓаните можат лично да побараат корекција во избирачкиот список. Бевме во канцеларијата на ДИК во Центар. Не пречекаа две службенички, во трошните бараки на општина Центар. Канцеларијата за увид е преместена во две мали работни соби во внатрешноста од трошните бараки во општина Центар.

Подрачната единица на Државната изборна комисија во Центар е под катанец. Објектот со месеци веќе никој не го одржува и чисти а кровот веќе почнал и да пропаѓа. Од сабајлево тука на увид дошло само едно лице.

Алсат М пред неколку дена ги проверуваше имињата на спорните гласачи кои циркулираат во избирачкиот список неколку изборни циклуси нананзад. Се уште право на глас имаат лица кои се водат на адреса на непостоечки објкети а според актуелниот список на престојниот референдум може да гласа екс началникот во УБК, Горан Грујевски но и Владимир Варелов идентитет кој екс-разузразузнавачот го украде од неговоиот колега полицаец.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me