Доцна синоќа тим од судска медицина објави дека телото коешто неделава беше извлечено од остатоците на авионот, пронајден под водите на Ламанш, е загинатиот фудбалер Емилијано Сала.

Социјалните мрежи денеска се преполни со пораки со сочуство до неговото семејство. Фудбалскиот свет се збогува со аргентинскиот фудбалер.

Фудбалскиот клуб Нант, каде што Сала ја одигра својата последна сезона го повлече дресот со бројот 9. Во Нант никој повеќе нема да може да ја носи деветката.

Леталото „Пајпер Малибу“, со кој патуваше фудбалерот исчезна од радарот на 21 јануари во водите меѓу Англија и Франција. Во него покрај Аргентинецот Сала беше само уште пилотот Дејвид Ибетсон, кој го управуваше авионот на патот од Нант кон Велс. Инаку, Емилијано Сала, кој настапуваше за Нант доби богат договор од Кардиф Сити и беше пред трансферот на својата кариера.

Телото на пилотот се уште не е пронајдено.

Loading...

Shpërndaj me