Една стара поговорка вели дека ако луѓето се обидуваат да ве турнат долу, тоа значи дека сте високо над нив.

Живееме во време кога сите копнеат за успех, за слава, за моќ. Живееме во време кога полека исчезнуваат моралот и правдата и кога фер играта не е воопшто фер. Живееме во свет кога „газењето“ преку другите за да се стигне до целта многумина го сметаат за потреба. Живееме во време на големо его и љубомора. Неправдата минува неказнето, а луѓето кои се добри не успеваат да се снајдат.

Во ова време на валкани игри, луѓето кои се обидуваат да се кренат со својот труд и со својата макотрпна работа, сепак не успеваат да истапат пред амбициозните кои не се плашаат да ставаат сопки за овие првите да паднат.

Ви се случило ли некој да се обиде да манипулира со вас? Да ве искористи? Ви се случило ли некој да се обиде да ве гази? Во тој случај има само едно решение – игрнорирање. Да, игнорирањето е мајка на сите одмазди.

Кога ќе почнете да ги игнорирате луѓето, тие ќе почнат да се прашуваат зошто го правите тоа. Ако некој се обиде да ви наштети, а вие на сето тоа „одговарате“ со молчење, ваквото однесување може само да ги изнервира, да ги заболи, да не им даде мир. Вашиот молк ќе почне да ги „јаде“ – дали знаете што се случува, дали сте свесни што направиле тие, дали можеби се подготвувате да се одмаздите и сега разработувате тактика? Заради сите овие и многу други прашања, на крајот самите ќе си се одмаздат на себе.

Повозрасните, помудрите ќе ви кажат дека одмаздата не е вистинскиот начин. Така само ќе заталкате и ќе заборавите каде сте тргнале и што сте сакале да постигнете.

Не реагирајте на туѓата злоба. Однесувајте се како тие луѓе воопшто да не постојат и како нивното однесување воопшто да не допира до вас. Тогаш ќе сфатат дека работите што ги правеле биле залудни, а тоа ги боли многу.

Не им дозволувајте на лошите, одмаздољубивите луѓе да ви застанат на патот. За својот успех борете се со своите дела. Вашите емоции не треба да управуваат со вашите постапки, во спротивно навистина ќе почнете да се одмаздувате, и ќе заборавите дека имате цел пред себе. Ако целта ви е унапредување на работа – борете се за тоа чесно. Ако целта ви е да се омажите – не „крадете“ туѓ партнер.

Игнорирајте, да, но не молчете ако ве газат јавно пред сите. Имате глас, тој глас треба да се слушне. Не давајте двосмислени изјави, бидете директни, конкретни и праведни.

На нападот не враќајте со напад. Не се водете од тоа дека нападот е најдобрата одбрана. Игнорирањето е мајка на одмаздите. Нема ништо посилно од неа.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...