Претседателот Ѓорге Иванов по трет пат истакна дека нема да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците. Од неговиот кабинет наведоа дека претседателот нема да го стори тоа затоа што законот бил неуставен и поради неговата лична совест. Од друга страна, спикерот на Собранието, Талат Џафери, не дава детали како ќе постапи понатаму и дали ќе ја избере варијантата на потпишување на законот и негово доставување во Службениот весник и без потпис од шефот на државата. Џафери наведува дека формално рокот на Претседателот истекол и оти од денеска сè зависи од неговите надлежности како претседател на Собранието.

Јас ќе одам со сите варијанти кои овозможуваат целосно функционирање на институцијата Собрание, бидејќи уставниот поредок гарантира државен поредок со парламентарна демократија и целосни парламентарни надлежности“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието

Џафери на „Канал 5“ говореше и за испраќањето на законот во Венецијанската комисија, за која потсети дека е советодавно тело при Советот на Европа и оти не е неопходно нејзините заклучоци да се сфаќаат како обврска. Додека прашањето со законот останува во статус кво, опозицијата се заканува со тужба за Џафери ако самиот се обиде да протурка објавување на законот во Службениот весник, а спикерот пак, возвраќа дека за оценување на уставноста топката е кај Уставниот суд, па секој кој се сомнева може да поднесе иницијатива. Законот за употреба на јазиците првин беше изгласан на 11 јануари. Шест дена потоа, Иванов соопшти дека нема да го потпише. Врз основа на неговите забелешки, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35 илјади амандмани, но ниеден од нив не беше разгледан во Собранието. На 14 март, законот беше изгласан по втор пат со 64 гласа „за“ и 24 со Бадентер.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...