Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на денешното обраќање пред јавноста изјави дека нема да го поддржи и потпише договорот за името со Грција.

“Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија. Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната независност. Погазено е се што е свето за Република Македонија, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор. Како претседател на Република Македонија ќе се залагам за наоаѓање на решение кое нема да го наруши достоинството и идентитетот на македонскиот народ. Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор”, изјави претседателот Ѓорге Иванов

Drejtpërdrejtë nga presidenca, Ivanov flet për marrëveshjen

Posted by Alsat-M.TV on Wednesday, 13 June 2018

 

 

Shpërndaj me