Нема чекање потпис од Претседателот на државата ниту какви било други процедури. Еспертот по уставно право и поранешен претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, вели дека со вчерашното гласање во Собранието, уставните измени стапуваат на сила.

„Со вчерашното прогласување на уставните амандмани 33, 34, 35 и 36 всушност тие се веќе во сила. Согласно член 131 од Уставот со прогласувањето на измените, односно на амандманите, тие влегуваат во сила. Како што и самиот Устав со чинот на со чинот на гласањето влегува во сила“, вели Ивановски.

Следува ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот парламент – процес за кој Ивановски е уверен дека ќе успее. Во спротивно се се враќа по старо како и што е предвидено со уставниот закон.

„Тоа значи дека не е донесен договорот, а тоа значи дека не се донесени ни уставните промени, односно уставните амандмани, бидејќи сите тие беа во функција на амандман 33, а тоа е за промена на името на државата“, додава Ивановски.

Премиерот Заев информираше дека вчера Собранието донело одлука и за проглас на амандманите и за проглас на уставниот закон и дека тие уште денеска ќе се објават во Службен весник.

Loading...

Shpërndaj me